Џејми Варди ја продолжува кариерата во Серија А

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Џејми Варди ја продолжува кариерата во Серија А

Легендата на англискиот фудбал Џејми Варди, кој по 13 години го напушти Лестер, ја продолжува својата кариера во Италија. Варди потпиша договор со Кремонезе и од оваа сезона ќе настапува во Серија А. Италијанскиот прволигаш успеа да го убеди 37-годишниот Варди дека токму Серија А е вистинската дестинација за продолжување на неговата кариера. Договорот е со важност до летото 2026 година, со опција за уште една сезона доколку клубот обезбеди опстанок во елитата. Варди е вистинска икона за Лестер – одигра 500 натпревари, постигна 200 голови и запиша 71 асистенција, а останува запаметен како еден од клучните фудбалери во сензационалната шампионска сезона во Премиер лигата во 2016 година. Кремонезе одлично ја започна новата сезона во Серија А, забележувајќи две победи во првите две кола, а ангажманот на Варди треба дополнително да ја зајакне амбицијата на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.