Џексон му врати на Оби Микел: Не зборувај ср*ња! (ФОТО+ВИДЕО)

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Џексон му врати на Оби Микел: Не зборувај ср*ња! (ФОТО+ВИДЕО)

Челси денеска распали по Вулверхемтпон каде успеа да слави со 6-2, а напаѓачот на „плавите“ Николас Џексон имаше гол и асистенција. По натпреварот, Џексон објави еден контроверзен пост на својот Инстаграм профил каде му реплицираше на легендата на Челси Џон Оби Микел со зборовите: „Затвори ја устата, не зборувај срања, ние се убиваме себеси за Африка“, напиша кратко Џексон. Ова доаѓа откако во првото коло во дуелот со Манчестер Сити Џон Оби Микел за Џексон рече дека не знае добро да ја удира топката и дека на Челси му треба друг шпиц наместо него. „Ние немаме квалитетен напаѓач кој знае да завршува. Знам дека премногу зборувам за него и понекогаш звучам дека не го почитувам, но но е така. Мислам дека ни треба квалитетен напаѓач кој знае да ги користи своите шанси“, рече Микел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.