January 29, 2025 | | Свет
Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, реши да ја заврши својата тренерска епизода во Саудиска Арабија откако не успеа да ги оправда очекувањата со Ал-Етифак. Иако првично имал намера да си замине уште во летниот преоден рок, управата на клубот успеала да го убеди да остане уште неколку месеци. Сепак, по серијата разочарувачки резултати и слабата позиција на табелата, Џерард конечно побарал раскин на договорот, а клубот му излегол во пресрет и ја прекинал соработката. Според Marca, тој го напушта клубот од лични причини и не добил отказ. Ал-Етифак моментално се наоѓа на 12. место во првенството, што е далеку под очекувањата, особено со оглед на тоа што беа вложени значителни средства во нови засилувања. Со овој епилог, Џерард ќе бара нов тренерски предизвик, додека Ал-Етифак ќе се обиде да најде ново решение за клупата и да ја спаси сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |