Џирона е спремна да го продаде Бојан Миовски

June 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Џирона е спремна да го продаде Бојан Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не ја имаше посакуваната сезона во дресот на шпанската Џирона. Напаѓачот кој беше доведен како потенцијален наследник на Артјом Довбик, не успеа да се наметне и да ја оправда довербата на стручниот штаб. Во својата прва сезона во Ла Лига, Миовски запиша 22 настапи, но само 16 пати беше стартер, при што постигна четири погодоци – два против Естремадура и два против Еспањол – и една асистенција. Учинок кој далеку е од очекуваното за напаѓач за кој клубот вложи околу осум милиони евра минатото лето. Шпанскиот весник „АС“ објави дека и клубот и самиот фудбалер не се задоволни од меѓусебната соработка. Џирона веќе размислува да ја отвори вратата за понуди, додека Миовски посакува поголема минутажа и поважна улога, нешто што ретко го добиваше во првата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.