July 16, 2025 | | Свет
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, денеска беше успешно опериран поради хроничниот проблем со рамото, кој го влече уште од времето кога настапуваше за Борусија Дортмунд. Англискиот репрезентативец речиси две години играше со болка, но конечно реши да го реши проблемот по настапот на Светското клупско првенство. Од таборот на кралскиот клуб попладнево соопштија дека операцијата била целосно успешна, а Белингем веќе влегува во фаза на рехабилитација. Според шпанските медиуми, се очекува да отсуствува од терените помеѓу 10 и 12 недели, што значи дека може да се врати во составот кон крајот на октомври.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |