November 19, 2024 | | Свет
Во својата кариера Анхел Ди Марија имаше прилика да игра со двајцата великани, Меси и Роналдо. Тој освои голем број на трофеи и со двајцата, со едниот во селекцијата, со другиот во Реал Мадрид. Тој зборуваше токму за нив двајцата каде особено го испофали својот сонародник. „За мене, Меси и Роналдо се двајцата најдобри играчи во историјата, но очигледно е дека никој не може да се споредува со Лео. Ниту еден играч не може да го надмине Меси“, рече Ди Марија. Пред неколку дена, слична изјава даде и Жерар Пике кој нагласи дека Роналдо е најдобар меѓу обичните луѓе, но не е подобар од „вонземјанинот“ Меси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |