September 13, 2024 | | Свет
Анхел Ди Марија повторно реши да потенцира за тоа кој бил најлошиот тренер кој тој го имал во својата кариера. Како поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, тој имаше шанса да соработува со Луј ван Гал. „Луис Ван Гал е најлошиот тренер кој некогаш сум го имал, никогаш нема да се уморам од повторување на тоа“, вели тој. Ди Марија ја коментираше и ситуацијата кога на пенали на Светското првенство во Катар 2022 година Аргентина ја исфрли Холандија на пенали. „Ги победивме на пенали, иако Ван Гал цело време велеше дека тие ќе победеле бидејќи тој знаел се. Епа сега зборовите може да си ги пикне во… ајде да бидам покултурен и ќе кажам дека му се удрија од глава“, додаде Аргентинецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |