Дибала го нема: Објавен списокот на Аргентина за Копа Америка

June 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дибала го нема: Објавен списокот на Аргентина за Копа Америка

Скалони го објави списокот на Аргентиската репрезентација за Копа Америка каде тие ќе ја бранат титулата. Пред почетокот на турнирот, тие влегуваат во фантастична форма каде на последниот контролен натпревар ја победија Гватемала 4-1. Владее добра атмосфера во екипата на чело со Меси и ќе се обидат пак да ја одбранат титулата. Она што е интересно на списокот е што го нема фудбалерот на Рома, Пауло Дибала. На списокот го нема и Анхел Кореа, а фудбалери како Карбони и Гарначо се повикани.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.