Дибала објасни зошто одби дури 75 милиони евра од Саудиска Арабија!

August 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дибала објасни зошто одби дури 75 милиони евра од Саудиска Арабија!

Пауло Дибала одби 75 милиони евра кои можеше да ги заработи во Саудиска Арабија и реши да остане во Рома. Иако тој практично се имаше поздравно со фановите и се очекува трансфер во Ал Кадсија, на крај се предомисли и остана. Тој беше запрашан зошто одбил 75 милиони евра за тригодишна соработка. „На сите првото прашање им е за парите. Ставив многу работи на кантар, како моето семејство, мојата сопруга, градот, тимот, желбата да се вратам во репрезентацијата на Аргентина. Имам 30 години, се чувствувам добро, и покрај тоа што добивам многу критики за моите повреди“, рече тој. Аргентинецот доби прашање и околу тоа дали со ова, неговиот агент останал без огромна провизија. „Ова не менува ништо за мојот агент. Некои луѓе велат дека и тој загубил многу пари, но тоа не е точно. Тој сака јас да бидам среќен. Тој не е само мојот агент, тој исто така ми е и пријател“, објасни Дибала.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.