Дијаз пристигна во Минхен – станува трето најскапо засилување во историјата на Баерн! (ВИДЕО)

July 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дијаз пристигна во Минхен – станува трето најскапо засилување во историјата на Баерн! (ВИДЕО)

Луис Дијаз слета во Минхен, каде што треба да ги помине медицинските прегледи и да го финализира трансферот од Ливерпул во Баерн Минхен. Колумбискиот репрезентативец пристигна директно од Токио, каде беше со Ливерпул на турнеја, а германскиот гигант ќе плати 75 милиони евра за неговите услуги. Дијаз ќе потпише договор со плата од 14 милиони евра по сезона, што е речиси петпати повеќе од она што го заработуваше на „Енфилд“. Со оваа зделка, Дијаз станува третото најскапо засилување во историјата на Баерн, по Хари Кејн (100 милиони евра) и Лукас Ернандез (80 милиони евра).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.