January 5, 2025 | | Свет
Откако ја заврши својата авантура во Локо Софија каде за една и пол година во Локо Софија, Димов забележа 56 настапи постигнувајќи еден гол, тој сега пронајде нов клуб. Димов реши да потпише за Персебаја Сурабаја, клуб кој настапува во првата лига во Индонезија. „Пресреќен сум за новата авантура. Ова е нов предизвик за мене и се надевам на големи успеси во новиот клуб. По периодот поминат во Локо Софија, мислам дека ова е следниот вистински чекор за мене“, изјави Димов. Неговиот клуб моментално се наоѓа на втората позиција на само еден бод позади лидерот Персиб. Персебаја Сурабаја е индонезиски професионален фудбалски клуб со седиште во Сурабаја, Источна Јава. Клубот моментално игра во Лига 1, највисоката лига на индонезискиот фудбал. Персебаја Сурабаја се смета за еден од најголемите и најуспешните тимови во земјата, освојувајќи бројни титули и турнири во Индонезиската лига. Во својата богата кариера Димов има настапувано и за Хоризонт Турново, Гостивар, Кожуф и Металург.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |