Димитриевски може да заврши во Турција

September 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Димитриевски може да заврши во Турција

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можел да ја продолжи кариерата во Турција. Според информациите од шпанските медиуми, турскиот гигант Трабзонспор испратил понуда до Валенсија за неговите услуги. Димитриевски не доби поголема минутажа во дресот на „лилјаците“ и сака да ја промени средината уште летово. Валенсија е подготвена да го продаде, но за трансферот бара над два милиони евра. Иако има договор со клубот до јуни 2026 година, македонскиот голман инсистира што побрзо да го реши прашањето за својата иднина. Во кариерата, 30-годишниот чувар на мрежата бранеше за Работнички, Гранада, Кадиз Б, Химнастик, Рајо Валјекано и Валенсија. Интересно е што во Трабзонспор веќе настапуваше уште еден македонски репрезентативец – Енис Барди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.