September 12, 2025 | | Свет
Иднината на македонскиот голман Столе Димитриевски и понатаму е во центар на вниманието во Шпанија. Иако летниот трансфер период во Европа заврши, Саудиска Арабија и Катар остануваат како потенцијални опции каде што репрезентативецот би можел да продолжи со кариерата, доколку се појави привлечна понуда. Шпанските медиуми пренесуваат дека Димитриевски моментално е целосно фокусиран на Валенсија, каде што се чувствува сигурно и верува дека може да има клучна улога во текот на сезоната. Заминување би било во игра само ако пристигне проект кој ќе му понуди вистински спортски и финансиски предизвик. Клубот од „Местаља“ останува на истиот став: доколку се појави понуда која ќе ги задоволи и играчот и управата, нема да го блокираат неговото заминување. Во такво сценарио, Валенсија ќе биде приморана да бара решение меѓу слободните агенти, бидејќи шпанскиот пазар е веќе затворен. До тогаш, македонскиот чувар на мрежата останува максимално посветен на своите обврски, откако летово пристигна од Рајо Ваљекано со цел да ја зацврсти дефанзивната линија на „лилјаците“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |