Познат распоредот на Ла Лига: Димитриевски ќе дебитира против Барселона!

June 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познат распоредот на Ла Лига: Димитриевски ќе дебитира против Барселона!

Денеска беше објавен распоредот на Шпанската Ла лига за следната сезона која ќе започне на 18-ти август. Столе Димитриевски во бесплатен трансфер летово ја засили Валенсија, а во првото коло тој би можел да дебитира за Валенсија во Ла лига и тоа против Барселона. Оние кои ја следат Ла лига ги паметат одбраните на Димитриевски токму против Барселона, а претходно се шпекулираше и дека може да премине токму во Каталонија како замена на Тер Стеген, но од тоа не испадна ништо. Одбрана на титулата пак Реал ќе ја започне против Мајорка, а натпреварите од Ел Класико ќе се одиграат најпрво на 27. октомври на „Сантијаго Бернабеу“, а вториот натпревар на 11. мај 2025 година на новиот  стадион „Камп Ноу“.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.