Дини: Ако Арсенал го потпише најдобриот напаѓач во ПЛ, ќе биде шампион

December 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дини: Ако Арсенал го потпише најдобриот напаѓач во ПЛ, ќе биде шампион

Трој Дини, легендата на Вотфорд гледа голем потенцијал во младите на Микел Артета. Иако Арсенал изминатите две сезони се издвои како тим што може да го предизвика Манчестер Сити, во моментот Ливерпул изгледа како далеку посозреан конкурент за титулата. Сепак, Дини верува дека ова може да се промени ако „топџиите“ донесат храбар потег. Легендарниот напаѓач смета дека Арсенал има голем проблем – нема класичен напаѓач во својот тим, што го прави тимот подложен на слабости. Дини смета дека еден фудбалер може да им ја донесе титулата. „Алекандер Исак е најдобриот напаѓач во Премиер лигата во овој момент. Сигурен сум дека ако го купи, Арсенал ќе ја освои титулата. Не само што ќе ја освои титулата, туку ќе стане неволја за сите други тимови во Европа“, изјави Дини. Иако има големи надежи, Дини е свесен дека тоа сценарио е малку веројатно. „Њукасл нема лесно да се ослободи од него, тој е премногу важен за нив. Ако сака да биде конкурентен, Њукасл треба да троши повеќе пари и да гради тим околу него. Ако не го направи тоа, набрзо Исак ќе го видиме во најголемите клубови“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.