November 12, 2024 | | Свет
Алехандро Гарначо постигна гол против Лестер и истиот реши да не го прослави поради директни прозивки од еден фан на Манчестер Јунајтед поради низата просечни изданија. Ваквата ситуација ја коментираше и некогашниот капитен на Вотфорд, Трој Дини рече дека Аргентинецот не треба да се занимава со овој спорт ако продолжи вака. „Однесувањето на Гарначо покажува две работи. Покажува какви се денешните играчи кои не можат да прифатат критика од еден повозрасен господин, а второ и уште полошо е следното. Ако не може да прифати критика и ако такви работи влијаат врз него, тогаш можам да му кажам само едно како постар професионалец: Фудбалот не е за тебе! Игра за најголемиот клуб во светот, ако играш лошо, нормално е да бидеш критикуван и луѓето да ти се внесуваат во лице. Играш за Манчестер Јунајтед, ќе добиваш критики и кога си добар. Постигна неверојатен гол, а тој не го славеше. Јас не можев да поверувам. Ако не може да се справи со господин кој го снима со „Ајфон“, тогаш фудбалот навистина не е за него“, вели Дини.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |