Дини за второто најскапо засилување на Јунајтед: Мора да си оди со Рашфорд во пакет

December 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дини за второто најскапо засилување на Јунајтед: Мора да си оди со Рашфорд во пакет

Манчестер Јунајтед ја загуби шансата за освојување прв трофеј оваа сезона бидејќи беше елиминиран од Тотенхем во англискиот лига Куп по пораз со 4-3 во четвртфиналето. „Црвените ѓаволи“ беа во тешка ситуација, губејќи со 3-0 во Лондон, но успеаа да се вратат со два гола. Сепак, во финишот на мечот Сон постигна гол директно од корнер и ја обезбеди победата за Тотенхем. Сепак, ерата на Аморим допрва започнува па рано е за било какви впечатоци. Тешкиот пат за Рубен ќе подразбира ослободување од некои играчи и ангажирање на нови квалитетни имиња кои ќе го исполнат барањето на тренерот. Според Трој Дини, следниот логичен чекор за клубот би бил да се ослободи од офанзивецот Антони, кој воедно е второто најскапо засилување во историјата на клубот веднаш позади Погба. „Мора да ги прекинат врските со него. Штом го повлекоа Антони, сите почнаа да трчаат. Не можам да го гледам повеќе. Тоа е твојот голем момент, но не трчаш и не правиш спринт. Извадете го! Ако се ослободувате од Маркус Рашфорд, секој што ќе го земе, ќе ви платиме да го земете и него [Антони]. Тргнете го од клубот“, изјави Дини за „CBS Sports“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.