June 14, 2024 | | Свет
Вечерва со почеток од 21 часот, домаќинот Германија го отвара турнирот во дуелот со Шкотска на „Алијанц Арената“ во Минхен. Ова ќе биде 17-то Европско првенство а истото започнува денес и ќе трае се до 14-ти јули. Групната фаза трае до 26 јуни, а нокаут фазата започнува на 29 јуни. Форматот ќе биде ист како и за УЕФА ЕУРО 2020. Двете најдобри селекции во секоја од шесте групи на завршниот турнир ќе продолжат во осминафиналето заедно со четирите најдобри третопласирани. Турнирот ќе биде одигран во 10 различни стадиони во Германија, а еве за кои стадиони станува збор: Берлин: Олимпијастадион Берлин (71.000) Келн: Стадионот во Келн (43.000) Дортмунд: БВБ Стадион Дортмунд (62.000) Дизелдорф: Дизелдорф Арена (47.000) Франкфурт: Франкфурт Арена (47.000) Гелзенкирхен: Арена Ауф Шалке (50.000) Хамбург: Volksparkstadion Hamburg (49.000) Лајпциг: Стадион Лајпциг (40.000) Минхен: Фудбалска Арена Минхен (66.000) Штутгарт: Штутгарт Арена (51.000) Топката со која ќе се игра на ЕП во фудбал е технички усовршена до перфекција – со тоа, офсајдите ќе бидат непогрешливо одредени за максимум 25 секунди. Топката е посебна поради вградениот чип и технологијата „Connected Ball“ – има посебен сензор кој постојано снима различни податоци (до 500 во секунда). Таа е синхронизирана и со бројни камери лоцирани на стадионот и ги следи позициите на сите играчи на теренот. Само со пласман на турнирот, секоја селекција ќе заработи по 9,25 милиони евра. Во однос на претходното Европско првенство, наградниот фонд останува ист и истиот изнесува 331 милион евра. Бранител на титуалата е Италија, која триумфираше во изданието во 2021 година одложено за една година поради пандемијата на коронавирус и тоа против Англија на пенали.
Ready for EURO 2024! 🤩#EURO2024 pic.twitter.com/Fb7WEdgJff
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) March 26, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |