October 24, 2024 | | Свет
Македонската фудбалска репрезентација напредуваше на ранг листата на ФИФА. По двата триумфа во октомврискиот циклус во Лигата на нации, Македонија напредуваше за три позиции. Нашата селекција славеше со 3-0 на гости кај Летонија и со 2-0 во Ерменија и сега се наоѓа на 69.место на најновата ФИФА-листа. Ако Македонија ги добие двата следни натпревари од Лигата на нации, може дополнително да напредува. Што се однесува до топ 10-те репрезентации во светот, таму нема промени. 1. (1.) Аргентина 2. (2.) Франција 3. (3.) Шпанија 4. (4.) Англија 5. (5.) Бразил 6. (6.) Белгија 7. (8.) Португалија 8. (7.) Холандија 9. (10.) Италија 10. (9.) Колумбија
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |