Добра вест за Барса: Лапорта тврди дека имаат пари да го купат Нико Вилијамс!

July 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Добра вест за Барса: Лапорта тврди дека имаат пари да го купат Нико Вилијамс!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека Барселона има пари да го ангажира Нико Вилијамс. Тој е еден од приоритетите за Барселона, а лично и Лапорта рече дека му се допаѓа овој фудбалер и дека спортскиот директор Деко и тренерор Ханси Флик ќе одлучат за тоа. Офанзивниот фудбалер има откупна клаузула од 58 милиони евра. „Ми се допаѓа многу Нико Вилијамс, но мора да ги оставиме одговорните лица да си ја завршат работата, Деко напорно работи да ги донесе засилувањата за кои беше дискутирано со тренерот Ханси Флик, се надевам наскоро ќе имаме добри вести“, рече Жоан Лапорта. Тој вели дека имаат средства за ваква операција, а тоа е резултат на сето она што го сработиле изминативе години за да стигнат до точка каде можат да прават вакви трансфери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.