August 5, 2024 | | Свет
Според информациите на „Relevo“, Ливерпул тргнува по голманот на Валенсија Мамардашвили кој мора да замине од клубот за нашиот Столе Димитриевски да остане во клубот каде во спротивност би можел да замине за три милиони евра. Валенсија за него бара околу 30 милиони евра, но тој би дошол на позајмица додека Алисон не замине. Тимот на Бормут исто така е заинтересиран за Грузиецот. Во договорот на Димитриевски постои клаузула која вели дека грузискиот голман мора да замине до крајот на трансфер периодот за да може тој да остане. До овој момент ниту еден клуб не загриза посериозно за Грузиецот, и покрај тоа што голманот имаше одлични партии на Европското првенство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |