Добри вести: Компани се врати во Минхен!

November 10, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Добри вести: Компани се врати во Минхен!

Винсент Компани повторно е во тренинг-центарот на Баерн Минхен, откако успешно се опоравуваше од здравствените проблеми поради кои беше принуден да направи пауза од фудбалските обврски. Белгискиот стратег на 23 октомври колабираше и беше пренесен во болница, каде што лекарите му дијагностицираа иритација на мозочните обвивки. Поради здравствената состојба, Компани беше отсутен од тренинзите на баварскиот гигант речиси три недели. Сепак, денеска пристигнаа охрабрувачки вести за Баерн. Компани утрово се врати во својата канцеларија во тренинг-центарот „Зебенер Штрасе“, а се очекува да биде вклучен во работата со повредените фудбалери и нивното враќање во натпреварувачки ритам. Според информациите на новинарот Филип Кеслер, неговото враќање на тренерската клупа се очекува на 20 ноември, кога Баерн треба да се соочи со Келн. Враќањето на Компани во клупските простории е позитивен сигнал за германскиот шампион, кој со нетрпение го очекува целосното закрепнување на својот тренер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.