Добри вести за Барселона: Левандовски е спремен да игра против Интер

May 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Добри вести за Барселона: Левандовски е спремен да игра против Интер

Иако се претпоставуваше дека му треба уште најмалку една недела за целосно опоравување, полскиот напаѓач Роберт Левандовски доби зелено светло од медицинскиот тим и ќе биде дел од тимот за реваншот против Интер во Лигата на шампионите. Ханси Флик веќе е информиран за неговата подготвеност. Левандовски, кој е водечки стрелец во Ла Лига, се повреди на натпреварот со Селта пред две недели и поради тоа го пропушти финалето од Купот на кралот. Првичните прогнози беа дека ќе биде подготвен дури за Ел Класико на 11 мај, но најновите вести велат дека ќе отпатува за Милано и би можел да одигра околу 35 до 40 минути. Се очекува Феран Торес да го почне натпреварот на „Сан Сиро“, бидејќи постигна гол против Интер во првиот меч, а влезот на Левандовски ќе зависи од развојот на играта. Во досегашните 48 настапи оваа сезона, полскиот голгетер има постигнато 40 погодоци и запишано три асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.