Добри вести за Флик пред натпреварот со Севиља!

October 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Добри вести за Флик пред натпреварот со Севиља!

Барселона во недела ќе ја дочека Севиља во еден дерби натпревар. Клубот стравуваше поради можна повреда на Левандовски каде вчера заработи тежок удар од голманот на Хрватска Ливаковиќ кој при истиот старт заработи црвен картон. По деталните прегледи, било утврдено дека со Полјакот се е во ред и дека ќе биде спремен. Во недела Барселона ја дочекува Севиља, потоа го дочекува Баерн Минхен, па гостува кај Реал Мадрид. Дани Олмо и Фермин Лопез добија зелено светло за враќање на терен, а начелно добил и Гави кој се враќа од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.