Додека Баерн Минхен одолговлекува, Манчестер Сити го краде Вирц од позадина!

May 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Додека Баерн Минхен одолговлекува, Манчестер Сити го краде Вирц од позадина!

Баерн Минхен активно преговара со Баер Леверкузен за трансферот на Флоријан Вирц, но разговорите не течат лесно. Според информациите на Флоријан Плетенберг од Sky Sport Deutschland, тој нема потпишано никаков договор со Баерн Минхен, а клубовите меѓусебно сè уште немаат постигнато договор. Воедно, Леверкузен преферира да го продаде надвор од Германија, а не на Баерн Минхен. Силен интерес постои и од страна на Манчестер Сити со кого денеска родителите на Вирц преговарале во Англија. Баерн останува оптимист дека ќе го потпише Вирц пред Светското клупско првенство. Во однос на интересот од Сити, Вирц е голема желба на Пеп Гвардиола кој со месеци го посакува Германецот во своите редови како директен наследник на Кевин де Брујне.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.