Додека Клоп бил тренер на Ливерпул, тајно преговарал со Ред Бул?!

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Додека Клоп бил тренер на Ливерпул, тајно преговарал со Ред Бул?!

Јирген Клоп започнал првични преговори со Ред Бул уште пред две години, кога се уште беше тренер на Ливерпул, пренесува „Daily Mail“. Клоп ја напушти позицијата во Ливерпул под изговор дека е исцрпен и нема повеќе енергија за нови предизвици. Тој го испочитува својот договор до крај, но не потпиша нов. По неговото заминување, брзо бил именуван за глобален директор на фудбалската гранка на Ред Бул. Првичниот контакт помеѓу Клоп и Ред Бул се случил пред повеќе од две години, по што следувале тајни состаноци додека германскиот тренер уште ја водел екипата на Ливерпул. Кога Клоп го објавил своето заминување од Ливерпул, веќе бил запознат со својата следна улога.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.