Договор со кој Барса ќе се опорави: Ќе добијат над милијарда евра!

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Договор со кој Барса ќе се опорави: Ќе добијат над милијарда евра!

Според информациите на „Marca“, Барселона конечно е близу до договор со америчката компанија Најк за да ја продолжат соработката. Договорот ќе вреди околу 125 милиони евра по сезона и ќе биде потпишан на десет години, а каталонскиот клуб ќе добие 150 милиони евра веднаш како бонус за потпис на договорот. Постигнат бил конечен договор, а сега остануваат само ситни детали за финализација на договорот. Овој договор ќе значи дека Барселона ќе се врати во рамките на нормалниот Финансиски фер плеј со кој без проблем ќе можат да регистрираат фудбалери. Целта на клубот е во наредните две години финансиски да се стабилизира и повторно да се врати на старите патеки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.