Огромна тепачка по дербито во Ливерпул, паднаа и три црвени картони (ВИДЕО)

February 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Огромна тепачка по дербито во Ливерпул, паднаа и три црвени картони (ВИДЕО)

По крајот на дербито меѓу Евертон и Ливерпул (2-2) на „Гудисон Парк“, тензиите меѓу играчите ескалираа, а Куртис Џонс и Абдулаје Дукуре беа главните актери на инцидентот. Во судирот се вклучија и други фудбалери од двете екипи, што доведе до неколку минути хаос на теренот, пред судијата конечно да ги смири страстите. На крајот, Џонс и Дукуре заработија црвени картони. Дискутабилните одлуки на главниот арбитар не му се допаднаа ниту на тренерот на Ливерпул, Арне Слот, кој исто така доби црвен картон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.