Дојде до пресврт во Јунајтед: Санчо му се извинил на Тен Хаг и најверојатно останува!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дојде до пресврт во Јунајтед: Санчо му се извинил на Тен Хаг и најверојатно останува!

Необична вест денес стигна од Манчестер Јунајтед. Џејдон Санчо и тренерот Тен Хаг се смириле откако минатата сезона влегоа во сериозен конфликт поради што Санчо замина на позајмица во Дортмунд бидејќи не сакаше да му се извини на Тен Хаг. Тренерот цела година велеше дека тој мора да се извини за да се врати во тимот и најверојатно тоа сега се случило. Фабрицио Романо пренесува дека тие двајца разговарале и ја разрешиле ситуацијата. Тој сега е достапен за пред-сезоната на Јунајтед и се врати на тренинг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.