August 14, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе конечно од летово е играч на Реал Мадрид, а шансите се големи вечерва против Аталанта во финалето на УЕФА Суперкупот да биде и стартер. Анчелоти уште не открива дали Мбапе ќе биде стартер против Аталанта. „Килијан ќе донесе свој квалитет и ќе треба да се прилагоди на овој тим, како што тоа го прават сите останати. Многу сум среќен што Мбапе е тука и сигурен сум дека брзо ќе се адаптира. Малку време имаше да тренира заедно со тимот, но секако дека е големо засилување. Покажа дека во добра форма пристигна во Мадрид. И останатите играчи се одлични. Сите кои се дел од тимот може да бидат во стартниот тим против Аталанта“, вели Анчелоти. Дваесет и петгодишниот Мбапе ова лето дојде во Реал Мадрид од ПСЖ како слободен играч.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |