Доказ за ужасниот црвен картон: Укината суспензијата од три натпревари за Бруно

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Доказ за ужасниот црвен картон: Укината суспензијата од три натпревари за Бруно

Премиер лигата реши да ја укине суспензијата од три натпревари за Бруно Фернандеш поради стартот кој го направи врз Медисон во дуелот со Тотенхем каде судијата Крис Кавана реши да му покаже црвен картон, а истата одлука ја потврдија и од ВАР собата. Уште во првите моменти откако детално беше прикажан стартот се виде дека црвениот картон беше претерана одлука и чудно ќе беше ако ваквата суспензија останеше на сила. Манчестер Јунајтед претрпе тежок пораз на „Олд Трафорд“ со 3-0, а при резултат од 1-0 Бруно Фернандеш го доби црвениот картон, момент кој дополнително влијаеше врз настапот на играчите на „црвените ѓаволи“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.