February 12, 2025 | | Свет
Манчестер Сити беше на чекор до победа, но Реал Мадрид приреди шокантен пресврт во завршницата, а Серхио Агуеро сигурно жали за својата смела изјава пред натпреварот. Поранешниот напаѓач на „граѓаните“, кој го носеше дресот на Сити од 2011 до 2021 година, со голема самодоверба изјави дека шпанскиот гигант нема шанси да победи. Дури и отиде чекор подалеку, велејќи: „Реал Мадрид не може да го победи Манчестер Сити. Ако победи, ќе си ги отсечам тестисите“, рече тој И изгледаше како прогнозата на Агуеро да се остварува – Сити водеше со 1:0, па потоа повторно имаше предност од 2:1. Но, „кралевите“ покажаа зошто се европски шампиони и направија спектакуларен пресврт. Прво, Брахим Дијаз во 86. минута израмни на 2:2, а само шест минути подоцна, во 92. минута, Џуд Белингем го шокираше „Етихад“ и ги постави конечните 2:3.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |