Доминираше во Реал Мадрид со години, денес никој не го сака

February 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Доминираше во Реал Мадрид со години, денес никој не го сака

Со 30 години го напушти Реал Мадрид и за 70 милиони евра пристигна на Олд Трафорд, но неговите настапи за „црвените ѓаволи“ се далеку под очекувањата. Бразилецот повеќе не е на нивото што се бара за клуб од врвна класа, а неговата форма дополнително се влоши со кризата во Јунајтед. Касемиро е еден од фудбалерите чиja кариера доживеа драстичен пад во последните неколку години, особено по неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед. Фактот дека тој веќе не игра на високо ниво сериозно ја загрози неговата иднина. Манчестер Јунајтед би сакал да се ослободи од него, но засега нема клуб кој би прифатил да ја преземе неговата висока плата од 350.000 фунти неделно. Ниту еден клуб не покажува конкретен интерес за Касемиро. Неговите финансиски барања се преголеми, а никој не е подготвен да ги исполни. Бразилецот во изминатиот период беше поврзуван со потенцијален трансфер во Саудиска Арабија, но дури и таму интересот значително опадна поради неговите слаби настапи во Премиер лигата. Ако сака да продолжи со кариерата на друго место, веројатно ќе мора значително да ги намали своите финансиски барања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.