March 12, 2025 | | Свет
Италијанскиот голман Џиџо Донарума беше клучниот играч за ПСЖ во драматичната победа над Ливерпул на пенали на „Енфилд“. По првиот натпревар, беше мета на бројни критики бидејќи многумина сметаа дека можел подобро да реагира при примениот гол. Сепак, во реваншот покажа класа, блескаше со одлични интервенции, а најважни беа двата одбранети пенали кои му донесоа признание за најдобар играч на натпреварот. „По првиот меч, некои француски новинари ме критикуваа, но тие воопшто не знаат што значи да се биде голман“, изјави Донарума. „Јас само се насмевнувам и продолжувам да работам напорно за ПСЖ. Вечерва сум пресреќен“, додаде Италијанецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |