Донарума: Откако Мбапе си замина, станавме подобар тим

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Донарума: Откако Мбапе си замина, станавме подобар тим

Џанлуиџи Донарума уште еднаш се покажа како клучната фигура во составот на Пари Сен Жермен, откако со серија спектакуларни одбрани повторно го запечати голот и ја предводеше својата екипа до финалето на Лигата на шампионите. По блескавото издание во првиот меч против Арсенал, италијанскиот голман беше вистински бедем и на реваншот во Париз, спречувајќи сигурни голови од страна на Мартинели и Одегард во првиот дел од натпреварот. ПСЖ славеше со вкупни 3-1 и така го осигура своето место во големото финале против Интер на 31 мај. Самиот Донарума, освен поради одличните одбрани, сега е во фокусот и поради контроверзна изјава која индиректно го засега поранешниот соиграч Килијан Мбапе. „Менталитетот во тимот драстично се смени по заминувањето на Мбапе. Сега сме пообединети, играме како целина. Искусив нешто слично и со Италија кога го освоивме Европското првенство. Тимскиот дух прави огромна разлика на вакви натпревари“, изјави Донарума по натпреварот. Парадоксално, токму во сезоната кога Мбапе го напушти клубот со цел да се приближи до трофејот во Лигата на шампионите, ПСЖ го оствари најголемиот напредок во последните години. „Светците“ со оваа победа ја продолжија својата европска бајка, а Донарума заслужено го доби епитетот на херој, како еден од најзаслужните за историскиот пласман во финалето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.