Донесена е конечна одлука за иднината на Пикси!

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Донесена е конечна одлука за иднината на Пикси!

Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на Србија и покрај лошиот настап на оваа селекција на Европското првенство каде испаднаа уште во групната фаза. Според информациите на Mozzartsport, Пикси ќе ја предводи Србија во новата сезона на Лигата на нации, која започнува во септември. Во петок ќе се одржи состанокот на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија каде истото и таму треба да биде потврдено. Следната цел за Србија ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Договорот на Пикси трае до 2026 година.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.