October 1, 2024 | | Свет
Баер минимално го совлада Милан со 1-0 каде во првиот дел доминираше Леверкузен, а во второто гостите од Милано. Натпреварот го реши Виктор Бонифејс, а вредно е да се напомене дека и двете екипи имаа многу пропуштени шанси. Ова беше втората победа за Леверкузен откако во првото коло го совладаа Фејнорд. Што се однесува до Милан, ова е нивниот втор пораз каде во првото коло претрпеа пораз од Ливерпул со 3-1. Убедлива победа издвои и Интер кој успеа да ја совлада Црвена звезда со 4-0. Во првото полувреме резултатот беше 1-0 со прекрасниот гол од слободен удар на Чалханоглу, а во вториот дел Интер постигна уште три гола преку Арнаутович, Лаутаро Мартинез и Тареми. Дортмунд имаше прекрасна вечер откако успеаа да го совладаат Селтик со дури 7-1 каде „петарда“ падна уште во првиот дел. Чан од пенал донесе предност за домаќините, а Маеда успеа да израмни. Потоа, следуваа два гола на Адејеми. Во 40. минута и Гираси се запиша во листата на стрелците со гол од пенал, а Адејеми во 42. минута го комплетираше својот хет-трик. Головите од овој натпревар погледнете ги ТУКА. Во вториот дел Гираси погоди уште еднаш, а и Нмеча се запиша во листата на стрелците. Манчестер Сити исто така беше убедлив и славеше со 4-0 на гостувањето кај Слован Братислава.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |