Досудени два неверојатно наивни пенали на ист меч во втората Бундеслига! (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Досудени два неверојатно наивни пенали на ист меч во втората Бундеслига! (ВИДЕО)

Натпреварот кој го одиграа Магдебург и Гројтер Фирт во втората Бундеслига е натпревар за кој долго ќе се зборува поради настаните кои се случија каде во центарот на вниманието се најдоа дефанзивци на двата тима. Конечниот резултат беше 2-2, а беа досудени два луди пенали. Првиот го направи гостинскиот дефанзивец Јун кој мислејќи дека треба да изведе гол-аут, ја фати топката со рака, но притоа не забележа дека всушност неговиот голман веќе ја започна акцијата. Судијата го забележа овој момент, па одлучи да досуди пенал, а домаќините од втор обид успеаа да постигнат гол. Потоа, врз гостите беше направен прекршок пред шеснаесетникот. Во тој момент, сите очекуваа да биде досуден прекршок при што домашниот дефанзивец Хебер ја фати топката со рака. Но, судијата не суди фаул чекајќи да види како ќе се одвива акцијата, па откако Хебер ја фати топката со рака, судијата досуди пенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.