Драма на „Емирати“: Арсенал избегна пораз во последните минути против Сити! (ВИДЕО)

September 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Драма на „Емирати“: Арсенал избегна пораз во последните минути против Сити! (ВИДЕО)

Во возбудливото дерби од петтото коло на Премиер лигата, Арсенал и Манчестер Сити одиграа драматичен натпревар кој заврши без победник – 1:1. Иако „граѓаните“ имаа водство речиси целиот меч, „топчиите“ успеаја да извлечат бод во самиот финиш. Мечот започна динамично, а Манчестер Сити рано го зададе првиот удар – во 9. минута Ерлинг Халанд со брутален спринт и прецизен удар ја погоди мрежата на Лондонскиот тим и донесе предност за Сити.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обиде да внесе нова енергија кај своите фудбалери, но нивните напори долго време беа залудни. Израмнувањето дојде дури во самиот финиш од натпреварот. Во третата минута од судиското надополнување, Габриел Мартинели блесна со фантастичен лоб удар и ја смести топката зад грбот на голманот Донарума, носејќи му спасоносен бод на Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.