Драма околу трансферот на Ѓокереш во Арсенал: Татко му почнал да плаче!

July 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Драма околу трансферот на Ѓокереш во Арсенал: Татко му почнал да плаче!

Сагата околу преминот на Виктор Ѓокереш од Спортинг во Арсенал добива неочекуван пресврт – зделката која беше речиси завршена сега е под знак прашалник. Според најновите извештаи, португалскиот клуб поставил висока цена од 80 милиони евра, сума што „топчиите“ не се подготвени да ја платат. Иако Арсенал подготви солидна понуда и веќе имаше усна согласност со играчот, Спортинг одеднаш ги заостри преговорите и ги подигна финансиските барања. Од Шведска пристигнуваат информации дека таткото на Ѓокереш бил видно потресен поради непредвидениот застој, дури и заплакал, надевајќи се на преселба на својот син во Премиер лигата. И покрај придонесот што напаѓачот го даде во минатите сезони, Спортинг останува непопустлив, оставајќи впечаток дека повеќе сака да ја наметне својата волја отколку да покаже благодарност. Ѓокереш, кој веќе има договорени лични услови со Арсенал, сега се наоѓа во неизвесност. Дали лондонскиот гигант ќе ја зголеми понудата или ќе се повлече, останува да се види во следните денови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.