Драма во домот на Баџо: Разбојници влегле, го удриле со пиштол и го претепале

June 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Драма во домот на Баџо: Разбојници влегле, го удриле со пиштол и го претепале

Роберто Баџо имал ужасна вечер додека го гледал дуелот меѓу Италија и Шпанија кога разбојници му упаднале во домот, го претепале и го ограбиле. Според „Corriere del Veneto“, нападот се случил во неговата вила. Разбојниците околу 40 минути биле во неговата вила, а Баџо се борел против пет вооружени мажи откако тие упаднале на неговиот имот. Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар, а потоа украле часовници, накит и другите вредни предмети. Подоцна, Роберто некако успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.