Драма во Реал Мадрид: Алонсо избркал ѕвезда од тренинг!

September 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Драма во Реал Мадрид: Алонсо избркал ѕвезда од тренинг!

Според шпанските медиуми, на тренингот на Реал Мадрид дошло до вербален и физички судир меѓу Антонио Ридигер и Винисиус јуниор. Инцидентот започнал по остар старт на германскиот дефанзивец. Новиот тренер Чаби Алонсо реагирал веднаш, го исклучил Ридигер од тренингот и ја вратил дисциплината во тимот. Играчот потоа се извинил на соиграчите. Паралелно со тоа, се појавуваат шпекулации за иднината на Ридигер. Договорот му важи до 2026 година, но не се планира продолжување, а конкуренцијата со Милитао и Хујсен го турка во втор план. Интерес за него веќе покажуваат клубови од Европа и Саудиска Арабија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.