Дрејк контра Меси: Вложил огромна сума Канада да ја победи Аргентина! (ФОТО)

July 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дрејк контра Меси: Вложил огромна сума Канада да ја победи Аргентина! (ФОТО)

Раперот Дрејк е познат по тоа што вложува огромни суми на натпревари од повеќе спортови. Бидејќи тој е од Канада, тој на огромни пари типувал дека Канада ќе ја совлада Аргентина во полуфиналето на Копа Америка. За потсетување, Дрејк вложи 1 милион долари дека Аргентина ја победи Франција и ќе стигне до трофејот на мундијалот, а ваквиот облог на крајот му донесе исплата од 1.75 милиони долари. Сега, тој вложил дури 300.000 долари на Канада која тој смета дека ќе ја исфрли Аргентина од Копа Америка. Коефициентот е 9.6, па тој ќе добие исплата од 2.88 милиони долари доколку неговата земја победи. Тој го спомена и Меси во својата објава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.