February 26, 2025 | | Свет
Португалскиот тренер Жозе Мурињо се најде во центарот на контроверзии по дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче, откако неговата изјава предизвика бурни реакции. Од таборот на Галатасарај веднаш поднесоа жалба до УЕФА, барајќи санкции поради коментарот дека луѓето од нивната клупа „скокале како мајмуни“. Во одбрана на „Специјалниот“ застана Дидие Дрогба, легендарниот поранешен фудбалер на Челси, кој извесен период настапуваше и за Галатасарај. Дрогба испрати порака до „Џим Бом“, во која истакна дека го познава Мурињо повеќе од 25 години и категорично не се согласува со обвинувањата за расизам. „Драги Галатасарај, сите знаеме колку страствени и вжештени можат да бидат овие натпревари. Имав среќа да го доживеам тоа. Ги видов последните коментари за Жозе. Ве уверувам дека тој не е расист и историјата го докажува тоа. Фокусирајте се на тимот и поддржете ги „лавовите“ за да се доближиме до петте ѕвездички“, напиша Дрогба. На страната на португалскиот стратег застана и Мајкл Есиен, уште еден од поранешните фудбалери на Челси, кој ја делеше соблекувалната со Мурињо и Дрогба.
♥️♥️♥️ pic.twitter.com/s7cAdizbHg
— Michael Essien® (@MichaelEssien) February 26, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |