Друго е кога играш за Манчестер Јунајтед: Бројките на Шешко се жив доказ! (ФОТО)

August 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Друго е кога играш за Манчестер Јунајтед: Бројките на Шешко се жив доказ! (ФОТО)

Словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко многу брзо ја почувствува разликата меѓу тоа да се биде фудбалер на Лајпциг и на Манчестер Јунајтед. Уште за време на подготовките, 21-годишниот напаѓач забележа вистински бум во својата популарност. Во рок од само седум дена, бројот на негови следбеници на социјалните мрежи скокна од 370.000 на над еден милион – зголемување што најдобро ја отсликува глобалната моќ и привлечност на англискиот гигант, без разлика на моменталната форма на теренот. Манчестер Јунајтед за услугите на Шешко издвои 76,5 милиони евра, а словенечкиот ас потпиша договор со важност до 2030 година. „Црвените ѓаволи“ веруваат дека токму тој ќе биде новата голгетерска сензација на „Олд Трафорд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.