Дуел на Алварез и Енцо: „Те чекам, ќе те убијам надвор од стадион“

September 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дуел на Алварез и Енцо: „Те чекам, ќе те убијам надвор од стадион“

Челси вчера го совлада Вест Хем со 3-0, два гола постигна Николас Џексон и еден постигна Палмер. За време на натпреварот, во конфликт се најдоа Мексиканецот Едсон Алварез и Аргентинецот Енцо Фернандез. Во еден момент Алварез упатил сериозна закана до Енцо: „Те чекам, ќе те убијам надвор од стадион“, му рекол Алварез. По третиот гол на Челси бурно реагираше Едсон Алварез кој го нападна стрелецот Кол Палмер. Во мој момент се вклучи соиграчот на Палмер, Енцо Фернандез, па за малку можевме да бидеме сведоци на голем конфликт. Мексиканецот ја покри устата со рака, но како што пренесува „DiarioOle“, Алварез му се обратил со овие зборови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.