November 17, 2024 | | Свет
Франција издвои тешка победа против Италија со 3-1 и го обезбеди првото место во групата 2 од елитната дивизија на Лигата на нации и пласман во четвртфиналето на натпреварувањето. Франција стигна до гол по две минути кога стрелаше Рабио по корнерот на Лука Дињ. Левиот бек беше заслужен и за вториот гол кога изведе слободен удар кој од пречката заврши зад грбот на италијанскиот чувар на мрежата. Камбијасо во 35. минута постигна гол со кој резултатски ги врати во игра „Аѕурите“. И третиот гол за Франција дојде од прекин каде повторно Дињ беше асистент, а Рабио стрелец. Со овие три бода, Франција е на првото место пред Италија иако двете селекции имаат ист број на бодови. Зад нив следуваат Белгија и Израел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |