November 11, 2024 | | Свет
Барселона вчера го доживеа вториот пораз во Ла Лига сезонава, овојпат против Реал Сосиедад со минимални 1:0. Каталонците одиграа лош натпревар каде не покажаа никаква желба за да триумфираат во овој натпревар, а од друга страна кај домаќините се виде енергијата и спремноста. Колку лош натпревар одигра Барселона покажува информацијата дека не упатиле ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, нешто што им се нема случено цели 10 години. Ваква негативна статистика последен пат имале во 2014, на мечот против Малага, кога тренер на Барселона беше Луис Енрике. Во претходните 12 натпревари од шпанската Ла Лига постигнаа вкупно 40 гола, а на четирите меча во Лигата на шампионите 15, но на вчерашниот натпревар немаа никаква ефикасност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |