Дури четири клубови го сакаат Ристовски

June 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дури четири клубови го сакаат Ристовски

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е слободен агент по разделбата со Динамо Загреб и веќе разгледува нови опции за продолжување на кариерата. Според информациите на унгарскиот новинар Счех Бенјамин, за Ристовски постои интерес од четири земји – Унгарија, Русија, Турција и Обединетите Арапски Емирати. Иако во медиумите се спомнуваше Ујпешт како потенцијален клуб, унгарскиот прволигаш наводно демантирал дека веќе стапиле во контакт со македонскиот дефанзивец. Ристовски сè уште ја анализира ситуацијата и очекува конкретни понуди во текот на летниот преоден рок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.