Душан Тадиќ се сели во ОАЕ – потпиша за Ал Вахда (ВИДЕО)

August 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Душан Тадиќ се сели во ОАЕ – потпиша за Ал Вахда (ВИДЕО)

Ал Вахда од Абу Даби официјално го претстави своето најново засилување – српскиот репрезентативец Душан Тадиќ. Договорот е на една сезона, со можност за продолжување уште една година. Иако во последните месеци се шпекулираше за негово враќање во српскиот фудбал, каде интерес покажаа Црвена Звезда и Војводина, искусниот офанзивец избра егзотична дестинација. Наместо да заигра пред домашната публика, Тадиќ ќе го облече дресот на клуб од Обединетите Арапски Емирати. Финансиските услови не се обелоденети, но според српските медиуми, станува збор за значително повисока заработка од онаа што би ја имал во Србија. Интерес за него имаше и од Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ на крајот се повлекоа од трката.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.